За нејзината борба со ковидот – Зошто јас во таков чуден свет, кога светлина со себе носев?!!



ВИНОЖИТО
Ја прашав душава дали некаде погрешив,
во срцево ставив туѓ зрак
или згазнав нечиј здив,
што сред бел ден   на мене мрак  падна и
темнина ме обви?!
Виулица  од сомнежи радоста за час  ми ја стопи
 и наместо смеа, виење од глутница црни мисли слушнав…
Зошто јас во таков чуден свет,
кога светлина со себе носев?!!
-Човек си!-душата ми рече.
Тоа само невреме е на патот…
Издржи,
така небото,  виножито ти  раѓа!
автор.МИЛЕНА ЛУНЕСКА