Дедовата куќа…
Колку приказни, колку насмевки кријат овие неколку ѕидови, кога ние шест внучиња на дедо Димко и баба Слоботка ќе им појдевме на гости в село . За распустот, да си поседиме со нив . Убавина, рај за душата беше изгрејсонцето од зад карпата, и првите звуци на денот што се раѓа.
Ајде дечиња,станувајте! -ќе не повикаше баба ми. Ајде, доручекот е готов, ви направив мекици. А ние, ти се чини сите до еден ќе рипневме од постелата..
Бабо, бабо, еве не !…Шест ѕвонливи гласчиња на безгрижно детство се јавуваа поспано. Јас ќе појдев и ќе донесев вода во дулињата од чешмичето кај Китановци.
Еве бабо, донесов вода , кажи ми што треба да ти помогнам – ја прашував.
Ништо Оли, после бабе, да јадеме, па ќе изметеш со метлата. Мали ситници, за кои сега јас би дала , се што имам…За повторно да ја видам , и да и се обесам околу вратот и да ја прегрнам.. Мојата баба..
Ситници, кои ми ја топлат душата.
Ајде бабе, ако се најадовте, да појдеме до плевната, да ја нахраниме стоката, сигурно се гладни, не чекаат …
Текстот продолжува на следната страна
Страни: 1 2