
Овие откритија секако не треба да ги тера луѓето да се венчаат, но важно е да се знае дека односите со партнерот може да имаат важни импликации за срдечното здравје”, објасни главниот автор на студијата Карлос Алвиар, соработник во њујоршкиот медицински центар ” Langone “.
Разведените луѓе имаат многу поголема шанса за болест на срцето, отколку неврзаните мажи и жени.
Вдовиците исто така имаат повисоки коефициенти на ризик од кардиоваскуларни болести во споредба со луѓето кои никогаш не биле во брак.
Истражувањето покажува дека други фактори како пушењето, дебелината, хипертензија, дијабетес и седентарен начин на живот, исто ги зголемува шансите за нездраво срце.
Истражувањето покажува дека врската помеѓу бракот и здравјето на срцето е посилна кај младите парови. Кај нив добриот брак ја намалува за 12% опасноста од срцева болест.
Меѓу луѓето од 51 до 61 години ризикот се намалува со 7 %, а со 4% кај паровите над 61 години.