YouTube песна за раскинување



Се чини како луѓето да не можат да престанат да го документираат секој дел од својот живот. Снимаат видеа, ги споделуваат, некои се исмејани, а некои стануваат хит. Да направат хит видео им успеа на Џонатан и Ајвори.


Џонатан и Ајвори се во врска 5 години. Многу се сакаат. Но, имаат проблем: Џонатан сака деца, а Ајвори не. Затоа тие решаваат да раскинат и кога било време тоа да им го соопштат на пријателите и фамилијата, тие тоа го направиле преку песна. Колку и да е болно, сепак е неодоливо слатко 🙂

Еве го нивното видео: