We run this world! – рекоа двете денес највлијателни црни жени во светот



По 25 години емитување на прво рангираното talk-шоу во Америка кое се гледа и во други 149 земји ширум светот, по 4560 епизоди исполнети со многу познати гости, трогателни приказни и изненадувања како за гостите, така и за публиката, Опра Винфри шоуто официјално заврши на 25 Мај оваа година со спектакуларното последно шоу во United центарот во Чикаго.


We run this world! - rekoa dvete denes najvlijatelni crni zeni

Всушност станува збор за голема проштална манифестација која како изненадување на Опра и ја приредија нејзините колеги и пријатели од шоубизнисот, како и 13000 фанови кои тврдат дека Опра им го има променето животот.


Најголемите холивудски ѕвезди меѓу кои: Арета Френклин, Том Хенкс, Мадона, Том Круз, Кејти Холмс, Бијонсе, Вил Смит, Квин Латифа, Ашер, Хали Бери, Алиша Кис итн. зборуваа за искуството кое тие го имале од познанството со Опра, но пренесуваа и пораки од многу нејзини фанови ширум светот. Особено впечатлив беше настапот на поп-дивата Бијонсе која го одбележа овој настан со нејзината актуелна женска химна “Run the world” и со неповторливиот сценски настап каков што само таа умее да изведе.

Таа и испрати порака на Опра од името на сите жени ширум светот: “Опра, благодарение на тебе ние жените сега имаме постигнато ново ниво на разбирање за она ШТО СМЕ, КОИ СМЕ и најважно од сé ШТО МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ!” Погледнете го овој фасцинантен настап на Бијонсе, како и солзите и запрепастениот израз на лицето на Опра, една од највлијателните дами во светот, за која Мадона ќе рече дека е дел од Американската историја.