Временска прогноза за денес



Денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне во планинските подрачја можен е локален краткотраен пороен дожд.


Дневната температура ќе се движи од 24 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 33 степени.


Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.