Временска прогноза: Следуваат поларни студови и екстремно ниски температури



Времето во Македонија ќе биде сончево и ведро. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност.


Минималната температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 4 до 9 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до -10 степени и дневна до 4 степени.


Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Од средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.