Временска прогноза: Од следната недела очекувајте топло пролетно време



Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе дува слаб северен ветер.


Температурата ќе се движи од 8 до 16 степени.

Во следните денови под влијание на релативно стабилна и топла воздушна маса од југ времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и невообичаено топло за овој период од годината. Температурите ќе бидат високи и ќе се движат во интервал од 7 до 14 степени.


Во почетокот на Февруари температурите во делови од Апенинскиот и од Балканскиот полуостров можно е да се искачат над 20 степени. Во делови од Македонија температурите се очекува да се искачат до близу 20тиот степен.