Временска прогноза за овој викенд



Во сабота и недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло, велат од weather4all.com.mk..


Минималните температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а максималните ќе достигнат до 6°C односно до 17°C.

Во Скопје во деновите од викендот односно во сабота и недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло.


Температурите ќе бидат во пораст, минималните ќе се спуштат до 1°C односно до 3°C, а максималните ќе достигнат до 12°C односно до 14°C.