Нашите животи се променија. Одеднаш престанавме да излегуваме од домовите, заштитувајќи се себеси, но и другите. Сепак, некои од нас, и покрај се’, секојдневно се на своите работни позиции и ни овоможуваат и понатаму да ги уживаме секојдневните мали , но омилени задоволства. Постојано ги поздравуваме напорите на докторите и на медицинскиот персонал, но внимание заслужуваат и сите оние луѓе во фабриките, маркетите и на улиците, за кои не слушаме секојдневно, а кои ја заслужуваат нашата благодарност.
Во првите редови на оваа „борба” против глобалната закана се докторите, медицинскиот персонал, вработените во супермаркетите и бензинските, возачите во јавен превоз и еден куп храбри луѓе кои секојдневно ги поздравуваме за нивниот напор. Но, зад нив стојат уште поголем број луѓе т.н. “тивки херои” кои работат во дистрибуција и производство, и кои неприметно, но постојано, ни носат среќа и насмевки, овозможувајќи ни да ги одржиме нашите омилени и навики.
Еден од тие ритуали е токму пиењето кафе. Шолја топло, вкусно, свежо мелено кафе – навидум едноставен рецепт, за кој е потребен огромен труд за кафето од плантажа да биде преработено, спакувано и наточено токму во вашата шолја. А зад целиот процес стојат стотици луѓе кои во моментов се на своите работни места, придржувајќи се до мерките за претпазливост, со цел да не ги разочараат потрошувачите и да им го испорачаат нивното омилено Grand kafa и квалитетот на кој се навикнати.
„На работа се однесуваме исто како да сме дома – со максимална претпазливост и преземање на мерки за заштита. Секој од вработените носи маска и заштитни ракавици, работата се одвива во две смени кои меѓусебно не се сретнуваат, а времето помеѓу двете смени се користи за дезинфекција на работните простории. Иако состојбата не го нарушува работниот процес, сепак се чувствува промена на расположението кај вработените. Ќе издржиме колку и да е потребно, бидејќи сум уверен дека сме навистина врвно обучени и подготвени за предизвикот”, изјави Виктор Јовановски, вработен во производниот погон на „Grand kafe” во Скопје.
Кога некој ја работи работата што ја сака, тоа го мотивира да биде подобар, да напредува и продолжи да се бори, без разлика на условите кои ги налага околината. Вработените во „Grand kafe” – Скопје мотивацијата ја најдоа во задоволството на потрошувачите, односно во среќата која ја предизвикуваат нивните производи.
„Ситуацијата не’ погоди сите, но заедно со нашите претпоставени успеваме да се приспособиме на новонастанатите услови прилично добро, ако можам да забележам. Дури успеавме и интерно да се договориме за организиран превоз, за да го избегнеме зголемениот ризик од патувањето со јавен превоз. Периодот е тежок, но помислата дека нашето кафе секојдневно носи насмевка на илјадници лица ни дава дополнителна волја за работа”, вели Силвана Трифуновска, вработена во производниот погон во фабриката на „Grand kafe” во Скопје.
Кафето е толку популарен пијалак бидејќи носи утеха, го смирува телото, го изострува умот и дава енергија за остатокот од денот, како за вас – така и за милиони луѓе ширум светот. Без разлика дали учите, одмарате или поминувате време со пријателите, шолјата со кафе е верен придружник кој ја прави секоја активност попријатна.
Затоа денеска, додека го пиете попладневното кафе во удобноста на вашиот дом, помислете на вработените во „Grand kafe”, но и во секоја друга компанија чии производи ги користите, и заблагодарете им се што им „пркосат” на условите и продолжуваат да работат за ваше задоволство и уживање. Во овие моменти на сите нас ни е потребна поддршка, а со “Grand kafa” никогаш не сте сами!