Вработените на Рамсторе втора година по ред активно се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на гладта



Вработените на Рамсторе заедно со своите потрошувачи   повторно ја покажаа својата хуманост и втора година по ред активно се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на гладта 16 октомври под мототоЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер .


Во соработка со  Организцијата Сите Сити “Ајде Македонија” вработените на Рамсторе  заедно со своите  потрошувачи   уште еднаш го  потврдија своето општествено одговорно однесување со значајна донација од  2,500 парчиња храна која  ќе биде  распределена  на семејствата на децата од улица, двата шелтри за жени жртви на семејно насилство во Скопје и лица/семејства со посебни потреби.

Големиот интерес од страна на нашите вработени и потрошувачите е доказ за постоење на хуманост и солидарност и како компанија и како личности.(истакнаа од Рамсторе)


Ramstore

Ние како компанија  ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дел  и да го поттикнеме чувството на солидарност и на хумана димензија кај сите.  Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна.

Ramstore