Возраста навистина не е важнa



Како се замислувате на 70 години? Со дебел елек, бастунче и познавања напамет програмата со сапунските серии на телевизија?


Не треба да мислиме дека штом сме поминале една возраст, нагло сме застарени и веќе “не ни оди” за да правиме работи типични за младите.
Ова е една дама Анет Ларкинс, која има 72 години, и развива успешна кариера како диџеј. Поинтересно е дека таа одлучи да се занимава со тоа на 68 години, кога отишла со внукот во дискотека.

Анет вели дека тајната ‘се крие во тоа што сама си одгледува зеленчук, со кој се храни, а посебно на тоа дека со години го исклучила месото и животниски производи од менито.