Водителката Јелена Спенџарска се огласи на фејсбук! Еве што напиша



Водителката Јелена Спенџарска се огласи на фејсбук по неколкудневното отсуство од телевизиите. Еве што напиша таа:


“Драги пријатели,

после неколку дена отсуство од фејсбук, мислам дека денеска, на најголемиот христијански празник ВЕЛИГДЕН е вистински ден да се вратам и да ја раскажам својата страна на приказната, која, искрено, ме направи интернет сензација и некако ме фати многу неподготвена за ваквата популарност 


Како и во секоја професија,така и во мојата, си станал на лева нога, си имал лош ден, ти прекипало нешто од претходниот ден, некој/нешто те изнервирало – сите си имаме свои жолти минути и нема тука многу што да дискутираме дека сите секогаш сме супер фини и максимално љубезни дали на работа или општо во животот. На секој може да му се случи, секој грешел и секој ќе греши, крај краева грешките кои ги правиме и лекциите кои ги учиме од нив не прават многу поискусни во животот.Не сакам да се одбранам, и денеска цврсто стојам зад се што имам кажано, веќе бидна и враќање назад нема.

Само не можам да разберам како вие од едно видео на интернет сфативте дека дека јас сум најлошата личност на светот и треба сега да ме обесите на плоштад? Зошто никој не праша ЗОШТО јас така изреагирав? Дали некој знае дека првиот гледач од видеото се јавува секој втор ден во емисија да зборува за својот несреќен живот(без разлика која е темата), раскажува како останал сосема сам, целото семејство го напуштило, лежел во здравствени установи и нема никаква социјална помош( тоа го знам зашто сум го исслушала, нели?)Да ви кажам искрено, човекот НИКОГАШ не побара помош од нас како медиум,тој само има потреба да разговара со некој, да си ја раскаже својата судбина,а да не се разберемепогрешно, јас сум само водител, нити сум психијатар нити работам во центар за социјална работа.


Текстот продолжува на втората страна

Страни: 1 2