Во животот се се’ може, но само ако се сака …



Велат патот до врвот е тежок, но погледот незаменлив. Па точно. Животот ти дава падови, еднаш те крева, еднаш те треска од земја. Те испитува само колку си силен. Дали ја имаш храброста. Ти дава големи препреки. Се соочуваш со лажни другари, погрешна љубов, луѓе со маски на лицата. Се разочаруваш, те боли. Се прашуваш “зошто баш јас?”,“ што направив? “, си ја трескаш главата од земја. Но знаеш зошто е така? Затоа што си силен, затоа Бог ти ги дава тие препреки, да го сфатиш животот, да станеш посилен, да се бориш храбро. Се се случува со причина. Ќе се научиш од лошото да ја црпиш лекцијата, а не болката. Ќе се научиш храбро да се бориш, а не кукавички да се откажуваш. Храбро ќе се избориш со карпите кои ги имаш на патот, но кога ќе стигнеш до врвот, тогаш си станал човек. Во животот се се’ може, но само ако се сака.


Автор: Ангела Пецанова