Loading...

Во светот има чудни обичаи во сексот и љубовта: Еве дел од нив кои ја шокираат западната цивилизација


Во светот има чудни и неприфатливи за нас обичаи поврзани со љубовта и сексуалниот живот.

Еве некои од нив, кои директно ја шокираат западната цивилизација:

Секс колибка за 15-годишната ќерка

Во Камбоџа има племе што се нарекува креунг. Кога девојките наполнат 15 години, родителите ги праќаат да бараат момчиња. И тоа се прави на премногу необичен начин. Главата на семејството своерачно прави мала бамбус колибка за ќерката, каде што таа може да ги води момчињата и да има секс со нив.

Братски

Во Непал цвета полиандријата – ретка форма на полигамија, при што жената има неколку бракови со неколку мажи. При тоа правилото е жените да се мажат за неколку родни браќа. Ова им овозможува да не се дели земјата и стопанството меѓу мажите, што е многу погодно за нивните родители и профитабилно од економска гледна точка. Покрај тоа неколку мажи подобро се грижат и го обезбедуваат семејството.

Ноќ за неверство

Седум пати во годината Индонезијците го слават “Пон”. Ова се случува на светата планина на островот Јава. За да постигнат среќа и да се стекнат со богатство, учесниците во сексот не се со свои мажи и жени, туку со целосно туѓи.

Страни: 1 2