Во следните денови ќе имаме многу ниски температури



Во следните денови поради продорот на студен воздух од север особено во утринските и вечерните часови ќе биде многу свежо (дури и студено) кога истите ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени.


Уште постудено наутро ќе биде во петок и за време на викендот кога минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени.

На највисоките планински места минималните температури можно е да се спуштат под 0 степени. Релативно свежо време ќе имаме и преку ден.


Извор