Во Скопје Сити Мол пишувате љубовна порака, а потоа очекувате подароци



Љубовен тунел во Скопје Сити Мол – местото каде љубовните пораки носат многу изненадувања!


“Во следните 14 дена, посетителите ќе можат да оставаат љубовни пораки, по што истите ќе бидат фотографирани и поставувани на официјалната фан страна на Скопје Сити Мол на Фејсбук. Оние со најмногу лајкови, ќе влезат во конкуренција за вредни подароци, а финалниот избор на трите најдобри ќе биде направен од јавни личности кои сеуште не би ги откриле. Очекуваме многу љубовни пораки, а Вие очекувајте вредни подароци”, ни изјавија од Скопје Сити Мол.

Веројатно најинтересната љубовна форма во градот, од вчера може да се најде во Скопје Сити Мол, како дел од кампањата „Љубов е…”. Посетителите на молот имаат едноставна задача – да ја продолжат реченицата „Љубов е…” и својата креаитвна љубовна порака да ја остават во Љубовниот тунел, сместен на приземје. Првите пораки ги оставија Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, Европскиот шампион во ридски трки Игор Стефановски – Иџе, спортскиот новинар Бранко Чупевски, како и водителите Димитар Атанасовски и Милена Антовска, кои само го најавија отворањето на романтичниот тунел и можноста посетителите да добијат вредни подароци и изненадувања.


“Во следните 10 дена, посетителите ќе можат да оставаат љубовни пораки, по што истите ќе бидат фотографирани и поставувани на официјалната фан страна на Скопје Сити Мол на Фејсбук. Оние со најмногу лајкови, ќе влезат во конкуренција за вредни подароци, а финалниот избор на трите најдобри ќе биде направен од јавни личности кои сеуште не би ги откриле. Очекуваме многу љубовни пораки, а Вие очекувајте вредни подароци”, ни изјавија од Скопје Сити Мол .”

Она што посетителите треба да го направат, е да приложат сметка од 300 денари по што ќе добијат можност да ја остават својата љубовна порака. Во финалниот избор ќе влезат по пет пораки кои на крајот на секој ден ќе имаат најмногу гласови на фан страната на Скопје Сити Мол. Овие гласови, ќе се соединат со гласовите на стручното жири при донесувањето на одлуката за петте најљубовни пораки.


Прогласувањето ќе биде 15-ти февруари по завршување на финалното гласање, а концептот за истото, ќе биде објавен во деновите кои следат. Од Скопје Сити Мол најавуваат дека тунелот ќе биде „исполнет и инспириран од љубовта”, што е доволен предизвик за сите граѓани, да ја споделат својата љубов во најљубовниот месец во годината.