Во реалноста, сите си имаме четири жени…



Си живеел еден богат трговец кој имал четири жени. Најмногу ја сакал својата четврта жена. Ѝ подарувал скапи подароци, се грижел за неа и ѝ го давал целото материјално богатство.


Исто така, многу ја сакал и својата трета жена. Бил горд на неа и секогаш ја покажувал пред своите пријатели. Но секогаш постоел страв кај него дека таа ќе го напушти и ќе оди со некој друг.

Ја сакал и својата втора жена бидејќи таа била внимателна кон него. Всушност, нејзе најмногу ѝ се исповедал. Кога имал проблем со некој трговец, ѝ приоѓал и таа секогаш му помагала и го водела низ тешките времиња.


Но трговецот ја имал и својата прва жена која му била верна и му помагала да го стекне сето тоа богатство со години. Се грижела за домаќинството и за семејството. Но, трговецот не ја сакал и едвај ја забележувал.

Еден ден трговецот се разболил и знаел дека наскоро ќе умре. Размислувал за своето богатство, па си рекол себеси: „Имам четири жени. Но кога ќе умрам, ќе останам сам“.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3