Во недела на женска трка



На 14-ти април, во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, ќе се одржи женска трка од 1 километар, како дел од промотивните трки на Скопски Маратон 2013.


 


 

Идејата е со овој настан да се подигне нивото на свесност дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање и со тоа ризикот за заболувања е се` поголем. Овој настан се организира во светски рамки.


 

Пропозиции за Женска трка:
Дата на одржување: 14.04.2013 – недела
Место: – Градски парк – кај Школка
Почеток: 10.30- Аеробик
Старт: 11.00 – Трчање на 1.000 метри (1 круг во парк)
Пријавување: www.skopskimaraton.com.mk/zenskatrka

Котизација: 50 ден. Секоја учесничка ќе добие стартен број. Трката има ревијален карактер, обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни стартни броеви.

 

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за учесничките во трката. Ќе се доделуваат награди од нашите спонзори.

 

Доколку сте заинтересирани за учество, повеќе информации може да најдете овде.