Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија #ТикTак



Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија #ТикTак, која се поставува по мотивите на филмското остварување „TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo во превод од шпански јазик означува Опсесивно-компулсивно нарушување)” на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева, а со адаптација и во режија на Синиша Евтимов. Преводот на текстот го направи Благоја Бошковски.


Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски.

Во авторската екипа за реализација на претставата се сценографката Илина Ангеловска и костимографот Александар Ношпал. Извршен продуцент е Виктор Рубен, инспициент е Никола Кимовски, а суфлер е Тања Ивановска.


Премиерата на #ТикTак ја најавуваме за 16 мај на малата сцена во МНТ. Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија +18.