Во Македонски народен театар гостува Народно позориште Белград



Од Македонскиот Народен Театар денеска соопштуваат дека на 23 мај ќе гостува Народно позориште Белград со претставата „ЦАРСТВО НЕБЕСКО” – ЕПИКА БАЛКАНИКА


Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина” во 21:00 (траење 45 минути).  Билетите се пуштени во продажба, а може да се купат само на билетарницата во МНТ.

Цената на билетот ќе чини 1000 денари.


Maktel