На која возраст мажите се најнепривлечни



Мажите на прагот на 40-тите се најмалку привлечни за жените, покажува новото истражување на универзитетот во Манчестер.
Шест од десет жени сметаат дека кога мажот ќе наполни 39 години станува далеку помалку посакуван за љубовни афери.


Причините и објаснувањето за такви чувства кај понежниот пол се навидум со исклучително физички карактер. Жените ги посочуваат за пречка лошите заби, вишокот килограми, појавата на губење на косата.

Кога возраста почнува да личи, дамите губат желба за флерт, па дури и познанство. Многу мажи на овие години се жалат дека стануваат речиси “невидливи” за спротивниот пол.


40 свеќи на тортата се деликатен период од животот за секој маж, но истражувањето открива дека токму тогаш господата почнуваат да се грижат многу повеќе за своите партнерки.