Во четврток започнува лезбејски пикник



Лезфем во рамки на Неделата на Гордоста, организира попладневна дружба во парк со музика, пикник, читање лезбејски кратки раскази и поезија како и работилница за изработка на стенсили и знамиња.


Од Лезфем ги покануваат сите заинтересирани да си понесат храна и пијалок, нивните омилени лезбејски песни и раскази, а ако има и музикални меѓу нив, добредојдени се да дојдат со гитара, во четврток во 5 часот во градскиот парк кај Мечето.

Настанот е отворен за сите феминисти/ки, лезбејки, квир жени, бисексуалки и политички лезбејки.