Внимавајте што ќе облечете доколку патувате во овие 5 држави



Светскиот економски форум наведува кои се петте земји со најголем строги ограничувања при изгледот. Еве што е забрането:

Северна Кореја: Долгa коса за мажите, панталони за жените

Во азиската држава има неколку фризури, кои се сметаат за официјални за земјата. Во Северна Кореја косите на мажите не треба да се подолги од 5 см и треба да се обликуваат на секои 15 дена. Од друга страна жените, не смеат да носат панталони, а доколку го прекршат овој закон тие ќе плаќаат казна со принудна работа.


Судан: Панталони за дамите, шминка за мажите

По примерот на Северна Кореја, во Судан панталоните исто така се забранети за претставничките на понежниот пол. Во 2014 година дури девет жени биле казнети со 40 удари со камшик заради слична облека. Секоја година во земјата десетици дами се апсат поради носење на кратки здолништа и танци со мажи. Во 2010 година, пак, седум мажи се казнети солено, бидејќи носеле шминка.

Саудиска Арабија: разголена облека за жените, травестизам кај мажите

Без разлика дали си нивни државјанин или странец, прикажувањето дури на сантиметар од телото е кривично дело во Кралството. Муслиманските жени се должни да носат никаб – ткаенина која целосно го покрива лицето и има процеп само за очите, и долги црни фустани. За мажите, сепак, исто така има ограничувања – во 2009 година. 67 травестити биле уапсени на приватна забава во Ријад.


Франција: мантија и никаб

Во 2010 година Франција воведе закон кој им забранува на луѓето да ги покриваат своите лица. Ова вклучува шлемови за велосипеди и кациги до бурка и никаб кои го носат муслиманките. Четири години по влегувањето во сила на нормативен акт, Европскиот суд за човекови права го отфрли случајот против законот со образложение дека откривањето на лицата ги поттикнува луѓето да “живеат заедно”.

Уганда: здолниште над колено

Во Уганда според законот се забранува “непристојна облека”, доколку жените носат здолниште или панталони над коленото. Во африканската земја, сепак се одржаа серија протести против нормативен акт и на крајот владата вети дека ќе ги преиспита ограничувањата.