Внимание: Што кога ќе се скрши топломерот?



Живата, која се користи во термомерите и другите мерни апарати, е високо токсична материја која може да влезе во телото преку вдишување, голтање или со апсорпција преку кожата.

Затоа, истекувањето на живата од скршен термометар е сериозно опасна ситуација која не смеете да ја занемарите и мора да изреагирате соодветно. Доколку ви се случи тоа, не кревајте паника туку следете ги нашите совети за тоа како безбедно да ја исчистите живата. 

  • Во никој случај немојте да користите правосмукалка или метла! На овој начин само ќе ја распространите живата на поголема површина и ќе го загадите воздухот со нејзините честички, со што ќе ги зголемите шансите за нивно вдишување.
  • Не ја истурајте живата низ одвод! Таа може да остане заглавена во цевките и да продолжи да испарува во собата.
  • Веднаш соблечете ја облеката и чевлите за кои постои опасност да бидат контаминирани со живата. Ова ќе помогне да го спречите ширењето на живата низ домот.
  • Алиштата кои дошле во контакт со жива никако не ги ставајте во машина за перење! На овој начин ќе ја распространите живата низ целата машина и ќе ги контаминирате алиштата кои понатаму ќе ги перете. Затоа, најбезбедно е истите да ги завиткате во кеса и да ги фрлите.

Како да ја исчистите живата?

  • Изолирајте ја собата! Сите лица и домашни миленичиња треба да ја напуштат просторијата.
  • Отворете ги сите врати и прозорци кои излегуваат кон надворешноста на објектот, а затворете ги оние врати кои ја делат собата во која е истурена живата со останатите простории во домот.
  • Искористете фен за да ја издувате живата нанадвор, на едно место.
  • Ставете гумени ракавици и соберете ја живата на хартиена крпа, која подоцна ќе ја завиткате во кеса.
  • Со мала четка намачкана со пена за бричење поминете ја целата површина на која се истурила живата, со цел да ги соберете сите можни ситни остатоци.
  • Четката и ракавиците кои ќе ги употребите ставете ги во кесата со хартијата, добро врзете ја и фрлете ја.
  • За да бидете сигурни дека површината е целосно исчистена, проверете ја уште еднаш детално со рачна батерија.
  • Живата може да се движи изненадувачки на рамна површина, па затоа бидете сигурни дека сте ја прегледале целата просторија.
  • Доколку тепихот дошол во допир со живата, никако не го задржувајте во домот и веднаш фрлете го.
  • Оставете ја просторијата да се проветрува најмалку 24 часа по чистењето.