Витамин D и прошетка против зимскиот замор



Научниците против зимскиот замор препорачуваат повеќе прошетка и храна богата со витамин D.


Јануари обично е еден од најстудените зимски месеци. Тоа, во комбинација со празниците и враќањето во работен ритам често може да предизвика замор, стрес и депресија.

Еве некои начини со кои докторите препорачуваат справување со зимскиот замор според Yahoo News.


На прво место во студените месеци треба да се зголеми внесувањето на витамин D. Поради мрачното време организмот ги прифаќа значително помалку овие витамини, што може да доведе до здравствени проблеми.

Храната богата со витамин D, се содржи во лососот, јајцата и печурките.


Лекарите советуваат и да се намали употребата на кофеин и шеќер.

За подобрување на менталната и здравствена состојба помага и физичкото движење. Излегувањето надвор и прошетка се важни, без оглед на ниските температури.