Виталиа со нов иновативен продукт Take away мусли во чаша за љубителите на практичен здрав оброк



„Здрав оброк каде и да си” е слоганот на новите Take Away мусли во чаша на Виталиа, познатата компанија за здрава храна и лидер во иновативноста и креативноста, овојпат изразена во новата димензија на добро познатите цереалии.


„Потребата за здрав, практичен и брз за подготовка појадок не инспирираше да ја развиеме новата линија на наменски здрави продукти Take Away мусли во чаша, кој претставува одговор на потребите на модерниот човек. Take Away муслите во чаша се уникатни по својот дизајн и практичност и едноставни за конзумирање – само додадете вода, млеко или јогурт, промешајте со лажичката која што е дел од пакувањето и вашиот нутритивен појадок е готов за консумирање”, изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.

Take Away муслите за носење во чаша се достапни во четири најомилени вкусови избрани токму од потрошувачите: Инстант овесна каша со малини, Кранчи мусли со банана и чоколадо, Чоколадно мусли со додадено обезмастено млеко во прав и Гранола мусли со јаткасто овошје.


Take Away муслите во чаша на Виталиа се достапни за продажба во сите супермаркети, локални маркети и продавници за здрава храна.