Вистински причини зошто мажите раскинуваат



Секој маж и секоја врска се различни, но сепак може да се издвојат неколку општи причини поради кои мажите најчесто решаваат да ги „откачат“ своите девојки или сопруги.


Престанавте да го слушате

Дајте му шанса да зборува. Можеби не е во право, но сеедно, сослушајте го неговото мислење.


Мажите не остануваат долго во врска со девојка која размислува наместо нив.

Прифаќате совети од пријателките


Разбирливо е да имате пријателки и да ги слушате нивните совети. Но, ако дозволите тие да се вмешаат во вашата врска и да донесуваат одлуки наместо вас, брзо ќе останете сами бидејки тоа ниеден маж не може да го толерира.

Го терате да ве следи насекаде

Мажите не сакаат да ги третирате како чадор, па да го понесете секогаш кога ќе посакате и каде ќе посакате.

Тие не сакаат да одат секаде со вас, исто како што не очекуваат вие да одите секаде со нив. Почитувајте го неговото време, но ценете го и вашето.

Врската станува затвор

„Каде беше, што правеше и со кого беше?“ – Кој може да поднесе такво испитување секој ден? Ако е вашата врска затвор, а вие се однесувате како стражар, треба да знаете дека секој затвореник кога-тогаш ќе сака да избега.

Ја загрозувате неговата независност

Секоја врска е однос на две независни личности. Немојте да ја загрозувате неговата слобода, тој нема да го толерира тоа. Исто така, мажите сакаат кога ќе се потпрете на нив, но немојте да претерувате ни во тоа. Партнерка која не може сама да донесе ниту една одлука, е уште една причина мажот да посака да избега од неа.

Пречесто го критикувате

Доколку ова го правите секојдневно, тој некогаш ќе се измори и ќе побара девојка која освен што ќе го критикува, ќе му дава и комплименти.

Живеете во минатото

Човечки е да се греши. Ако сте веќе подготвени да му ги простите грешките бидете подготвени и да ги заборавите. Константно потсетување на погрешни потези не ја води вашата врска во иднина.