Вистински е тој што те прави среќен, и ништо друго



Вистински да сакаш, значи, да знаеш да препознаеш и претпоставиш дека луѓето, имаат толку мани колку и доблести, дeкa некои мани ни одат на нерви, дека не е се’ мед и млеко и дека не живееме во бајката на принцот и принцезата во љубов.


Не, вистинската љубов е нешто што ги преминува љубовните случајности. Искрената љубов значи заљубеност, во различноста и со голем интензитет, да се толерира недостатокот и отворање на вратата на довербата. Не можеме да кажеме, дека сакаме друга личност додека не ги спознаеме нивните демони, лутината, бесот и контрастите. Кога сакаме, мораме да разбереме дека во односот не е секогаш убаво, туку дека постои и хаос.

Да сумираме, љубовта е заеднички живот со многу детали, значи, не да се градат замоци во воздух засновани на соништа и разочарување. Ако се’ разбираме, тогаш ќе ја разбереме и вистинската вредност на траењето, фактот дека постојат чувства кои траат и опстануваат, а кои носат радост.


Вистински да се сака е голем предизвик. Прво треба да се ослободиме од своите идеи, кои не’ спречуваат да се соочиме со стварноста. За тоа да го направиме, мораме да имаме јасни концепти, кои ќе ни помогнат да разбереме што не е вистинска љубов.

Прво заљубете се во себе и во својот живот, па тогаш сакајте, кого имате на ум. За да сакаме, без зависност и потреба, прво мораме да се почитуваме себе си.


Тоа значи, пред да кажете: ‘ Те сакам’ прво морате да кажете – Се сакам себе си. Љубовта кон себе е клучот за воспоставување на здрави односи. Ако сакаме да ја најдеме вистинската личност, мора да бидеме подготвени за однос. Ова бара внатрешна работа, која е малку потешка, но ќе донесе плод.

‘ Кога љубовта би била дрво, корените би биле вистинската љубов. Што повеќе се сакаме себе си, повеќе плодови ќе добиеме од нашата љубов кон другите која ќе биде потрајна’- Валтер Русо

Продолжува на следната страна:

Страни: 1 2