Вистинска приказна: Свештеник, облечен како бездомник ја посетил …



Свештеник, облечен како бездомник си ја посетил идната си црква.

На еден свештеник му била дадена задача да се премести да служи во една селска црква. Кога пристигнал во селото свештеникот се преправил во бездомник и отишол да ја посети црквата во која требало да служи. Тој застанал пред црквата, 40 минути пред да почне службата и почнал да ги моли луѓето кои влегувале, да му дадат малку пари за храна. Но ни еден од тие што влегувале во црквата не му дал ни една паричка. Тој бил добар и љубезен, но односот на сите што влегувале во храмот бил ист – некои го гледале со неодобрение, некои со подбив, а некои од високо со осудување оти бил просјак, парталав скитник.
Кога старешините објавиле дека ќе го претстават новиот свештеник на црквата сите се погледнале со восхит и аплаудирале радосно. И тогаш бездомникот излегол пред олтарот. Ракоплескањето стивнало и сите погледи биле вперени во него. Тогаш тој ги прочитал од Евангелието на светиот апостол Матеј следниве зборови: ,,Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: »Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот;
оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;
необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.«
Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: »Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?

Текстот продолжува на следната страна

Страни: 1 2