Сабота вечер. Излезена со другарките у Сокаче. Единственото место у градов каде што луѓето знаат да уживаат. Луѓе кои имаат некакви емоции на нивните лица. Живи луѓе. Вистинска реткост у Скопје. Сокаче не е за секој. Ако си умрен у душата не си за таму, бидејќи местото е полно со живот. Ако си умрен у душата таму нема да ти е убаво, бидејќи ќе те потсеќа на се што ти не си. Во град полн со живи мртовци кои не знаат да се забавуваат, Сокаче е збир на емоции и среќни луѓе. Енергии кои се препознаваат. Убави енергии.
После Сокаче следи диско, т.е ноќен клуб. Заеб на векот. Градот полн со мртвило го “живее” својот максимум. Лево од мене на сепаре оптегнати 6 машки на возраст од околу 25 години. Со карирани кошулчиња и тесни панталони. Пијат Бадел коњак за кој келнерот ги лаже дека е виски, а тие веруваат пошо имаат само слушано за Џејмисон. И дремат. Со тажни фаци бидејќи на едниот му раскинала девојката, а другите сочувствуваат. Додека животот поминува покрај нив, тие го пропуштаат, загледани во судбината ко теле у шарена врата и ништо не им е јасно. Мислат животот завршува после второто раскинување.
Текстот продолува на следната страна