Вистинска љубовна приказна: По само неколку дена откако заминало момчето, девојката имала голема несреќа …



Дечко и девојка се заљубиле еден во друг и уживале во заедничките моменти. Но, момчето било од сиромашно семејство па му требало доста време додека ги убеди нејзините родители дека е чесно и вредно за нивната ќерка. Откако го сторило тоа, се појавил уште еден проблем – дошла војната и го регрутирале на другата страна од светот, но една недела пред да оди се верил со девојката и решиле да се земат по една година – откако ќе се врати.


Но, тогаш се случило нешто трагично. По само неколку дена откако заминало момчето, девојката имала голема несреќа во која се стекнала со големи повреди.

Кога се разбудила во болница, нејзините родители и објасниле дека имала потрес на мозокот при што се повредил токму оној дел од мозокот, одговорен за фацијалните мускули. Кога го слушнала ова заплакала и рекла „Вчера бев убава, денеска сум чудовиште“, а и телото и било покриено со тешки рани.


Токму таму одлучила да го ослободи својот вереник од обврската да се жени, бидејќи знаела дека нема да ја сака таква. Цела година потоа, момчето и праќало писма, но таа не му одговарала.

Токму по една година откако заминал, мајка и влегла во нејзината соба и соопштила дека момчето ќе се жени, па и ја подала поканата за на свадба. Иако сама решила така, таа сè уште премногу го сакала и со солзи го отворила писмото за да си го види сопственото име и презиме внатре.


Изненадена запрашала „Што е ова?!“

Тогаш во собата влегол дечкото со букет во раце, клекнал на колена и ја запрашал дали ќе се ожени со него.

На тоа девојката рекла„ Но, јас сум грда!“, а тој одговорил: „Без ти да знаеш, мајка ти тајно ми праќаше слики од тебе. Кога ги видов, сфатив дека ти се немаш променето. Сè уште си истата личност во која се заљубив и сè уште си прекрасна како и секогаш. Затоа што те сакам!“.