Вистините за љубовта, што ќе ги разберете на 30 | Lady

Вистините за љубовта, што ќе ги разберете на 30


Откако наполните 30 години ќе сфатите многу работи за сексот и љубовта кои ќе посакате да сте ги знаеле уште пред 15 години.

Еве некои од нив:

1 . Вашиот изглед вреди и вие сте достојна да биде сакана.

Тинејџерките се многу збунети во однос на својот изглед, речиси во текот на целиот пубертет. Тие често мислат дека ќе ги импресионираат момците само ако имаат големи гради, долга коса, кул облека и / или провокативно однесување.По неколку години тие сфаќаат дека можат да го привлечат вниманието на еден маж и со други свои средства. Секоја жена е достојна да биде сакана дури и да нема бескрајно долги нозе и лице на топмодел!

2 . Барајќи ја љубовта.

Често младите девојки се помируваат со лошиот однос на своите љубовници. Многу жени под 20 години сеуште не потекнуваат самодоверба и не сфаќаат дека треба да третираат секогаш со љубов и почит. Ако дечко ви се држи лошо со вас, тогаш тој не е мажот за вас. Имајте на ум дека човекот добива во љубовта она што е подготвен да прифати. За тоа бидете полна со барања и барајте искреност и внимание.

3 . Љубовта нема потреба од глупави игри.

Страни: 1 2