Вирус превзема Фејсбук профили



Вирус превзема профили на “Фејсбук” и оттаму ја зема контролата врз компјутерот на жртвата, предупредија ИТ професионалци. Луѓето “го фаќаат” вирусот, откако кликнат на интересно клипче, најчесто со сензационална вест, споделена од пријател.


Понекогаш гледате порака дека треба да се ажурира Flashplayer-от, или дека треба да се кликне на некои непознати апликации за да се добие пристап до твојот профил и за да го отворите линкот. И во двата случаи, ако се согласите, вирусот го превзема акаунтот, а потоа и компјутерот.

Ако дојде до ова, тогаш :


1. Заменете ја лозинката за пристап.

2. Испратете порака на вашите пријатели да ги игнорираат сите чудни покани или статуси со порноклипчиња.


3. Прегледајте ги апликациите кои имаат пристап до профилот и отстранете ги сите кои ви се непознати или сомнителни.

Самите вработени на социјалната мрежа постојано објаснуваат дека се обидуваат сами да ги ограничат и да ги елиминираат малициозните програми. Може да им помогнете, откако го пријавите случајот до соодветните линкови на facebook.