Можеби веќе сте забележале дека Викторија Бекам на објавените фотографии никогаш не се смее, а таа сега открива и зошто тоа е така. Имено, Викторија тоа го смета за непотребно и помалку лажно.
– Мене фотографите постојано ме следат, ме снимаат и кога само одат по улица, би било малку чудно цело време да одам наоколу со насмевка на лицето – изјавила Викторија во интервјуто за The New York Times.
Иако многу жените би сакале засекогаш да изгледаат млади, Викторија изгледа најпосле е задоволно со својот изглед.
– Не сакам да изгледам како да имам 25. Имам 39 години и немам никакви проблеми со своите години – нагласува мајката на четири деца.