Викенд метео – Сабота со дожд, недела умерено облачно. Сончево во понеделник со студенo утрo



Во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно и ветровито, попладне нестабилно со врнежи од дожд. На планините над 1600 метри со врнежи од снег, велат од weather4all.com.mk.


Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 13°C.

Во Скопје во петок претпладне ќе биде умерено облачно и ветровито, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 10°C.


Нестабилното време ќе продолжи и во сабота кое ќе биде проследено со засилен ветер. Во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури од 6°C до 14°C.

Во Македонија во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и од 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури од 7°C до 15°C.


По студеното утро во понеделник во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -5°C до 2°C, а дневните температури ќе се движат од 8°C до 14°C.