Видете кои се најдобрите датуми за свадба во 2016 година



Како што знаеме, 2016та година е престапна и многумина веруваат дека паровите кои ќе стапат во брак оваа година нема да имаат среќа. Па, ако сте добиле понуда за брак и сакате да се венчате во 2016-та, тогаш сигурно сте малку нервозни.


Порталот “lover.ly” откри кои датуми оваа година ќе ви донесат среќен и долг брак. Еве и кои се тие:

Со оглед на тоа дека 2016та е престапна година, тоа значи дека имаме датум 29 февруари на секоја четврта година, па така се предвидува дека многу парови ќе сакаат нивната свадба да се одржи во овој понеделник.


Сабота, 9 април – ова се бројките кои носат среќа за математичарите, нумеролозите и само луѓето кои веруваат во броеви – 4, 9 и 16.

Петок, 13 мај – петок 13-ти ќе се случи само еднаш оваа година во мај. Многумина ќе речат “да” токму на овој датум.


Сабота, 3 септември – првиот викенд од септември секогаш е добар ден за свадба. Летото сеуште трае, но жештината исчезнала.

Четврток, 6 октомври и недела, 6 ноември – тука за нумеролозите станува интересно, бидејќи бројките се подредуваат во следниов редослед: 6/10/16 и 6/11/16.

Сабота, 31 декември – новогодишната ноќ оваа година паѓа во сабота, а тоа значи идеално време за венчавки и отпочнување на нов почеток во новата 2017 година.