(ВИДЕО) Свадба за сеќавање: Се запознале во градски автобус, а после 13. години во него се венчале!



Младенци од Њујорк се венчале во истиот градски автобус во кој се запознале 13. години порано.
Патниците и околу 50. званици присуствувале на свечениот чин на венчавка на Кјара Малинс и Освалд Хименез.


После церемонијта на венчавање, младоженецот со својата младенка ги разменил заветите и рекол дека му е мило што го „пронашол“ патот до неа.


Хименез својата идна сопруга ја запознал пред 13. години во автобусот М14, во кој после повеќе од една деценија својата љубов ја крунисале со брак.

Кога на својата свршеничка и предложил да се венчаат во автобусот, таа се согласила во истиот момент. Церемонијата била емитувана и на локалната ТВ станица NY1.