Видео од рок концерт: Ќерката со знаковен јазик му пренесува песна на глувиот татко



„На синоќешниот концерт, бевме сведоци на нешто апсолутно прекрасно. Имајте на ум дека ова е рок концерт (Three Days Grace во Едмонтон). Видовме девојка и маж на кои им требаше голем простор за танцување, на почетокот тоа иритираше, додека не сфативме што се случува. Нејзиниот татко е глув, а таа му го пееше текстот. Воопшто не ни беше гајле што се случува на сцената, бевме хипнотизирани од нив. Двајцата беа многу слатки, а таткото се гордееше со својата ќерка“ – напиша Џулс Марија на Facebook.