Ви се мрси косата и морате често да ја миете? Еве неколку совети како да не ви биде повеќе мрсна косата


Сте се обиделе да се ослободите од мрсната коса со најразлични средства, но досега немате никакви резултати? Тогаш обидете се со овие неколку едноставни, но ефикасни совети:

Бојадисајте ја косата – бојата за коса е хемикалија која ја покренува косата од коренот, па затоа и маснотијата не може да се залепи за влакното.

Исплакнете ја косата со оцет – оцетот, чајот и сокот од лимон содржат танинова киселина и разредени со вода, помогаат за намалување на маснотиите.

Овесна каша како маска – овесот е одличен третман за мрсна коса, бидејќи ги апсорбира маснотиите од самиот корен. Покрај тоа, овесот исто така е ефективен против првут и го намалува чешањето. Ако сте

во брзање и немате време да се избањате, можете да посипете сува овесна каша на вашата коса и да се исчешлате.

Страни: 1 2