Ви протече носот? Еве како за само 5 минути ќе си помогнете



Луѓето често не обраќаат внимание дека течењето од носот може да биде сериозно заболување. Сепак, тоа може да го отежне животот буквално на секого. Замислете ја ситуацијата, вие сте на работа и треба да одите на некој важен состанок, а ви тече носот?!


Со масирање на одредени точки од лицето може да му се помогне на организмот побрзо да закрепне, со активирање на внатрешната сила на организмот во борбата протев течењето од носот.

Ова е ефикасен начин кој го предлага Лу Хунсен, доктор по кинеска медицина. Погледнете го ова видео – како за пет минути да го излекувате течењето од нос:


Точка бр.1.Ако ја продолжите линијата на веѓите, оваа точка ќе се најде директно над коренот на носот.

Точка бр.2. Симетрични точки од двете страни на лицето. Едвај забележливи вдлабнувања околу 2 см од надворешната страна од ивиците на веѓите. Треба истовремено да се притискаат.


Точка бр.3. Две симетрични точки на почетокот на носот, близу ивцата на очните дупки. Се масираат истовремено.

Точка бр.4. Симетрични точки одалечени половина центиметар од носот.

Како треба да се масира?

Сите овие точки треба да се масираат со врвот од прстите по 1 минута. Се притиска силно, но никако до болка.

Не е важно во која насока. Важно е да имате чувство на притисок врз одредената точка. Течењето на носот престанува буквално после првиот пат. По потреба повторете 2-3 пати дневно.

Видео:

https://www.youtube.com/watch?v=tFpvmIlM6DA

Страни: 1 2