Вежби и навики за убаво обликуван задник



Најдобар начин задникот да ви остане цврст или да го зацврстите е вежбањето, а потоа и исхраната. Вежбањето согорува калории, го забрзува метаболизмот и ја зголемува циркулацијата и лимфниот проток, па освен за губење на тежината и обликување на телото, исто така е одлично за намалување и превенција на целулитот.


Еве неколку совети за вежби кои ќе ви помогнат да го обликувате задникот:


Правилни клекнувања:
Користете ги мускулите на бутот и задникот. Застанете со раширени нозе и колкови. Се симнувате со задникот, исто како да сакате да седнете на столче. При тоа внимавајте колената да бидат точно над прстите на нозете. Накратко задржете се во таа положба, па вратете се на стартната позиција.


Добри исчекорувања: Подеднакво ефикасен како чучњевите, исчекорот задникот ќе го направи цврст и секси. Изведувајте го така што со ногата ќе зачекорите напред, но на начин што телото ќе остане исправено, грбот рамен, а погледот насочен напред. При тоа коленото на предната нога никако не смее да премине преку прстите на истата нога.

Изведба: Во процесот на обикување на задникот исклучително е важна техниката на изведување на вежбите. Неправилните изведувања нема да ви ги донесат посакуваните резултати, а може да завршите и со повреда. Ако не сте сигурни дали вежбите ги вршите правилно, побарајте помош од професионален тренер.


Брзо искачување: Еден од најдобрите и најефикасните начини за обликување на добар задник, но и целиот долен дел на телото е искачувањето или трчање по угорница. Наклонот обезбедува одличен отпор на вашиот напор да се искачите и така совршено да го обликувате задникот. Создадете навика да планинарите барем еднаш неделно.

Скали: Исто како качување угорница и качувањето по скали е одлична вежба за задникот и бутовите. Заборавете на лифтот и трпеливо искачувајте ги скалите до домот или канцеларијата.

Секогаш кога може, заборавете и на автобусот или автомобилот и одете пешки.