Весна Петрушевска испрати порака до биолошката мајка на своите посвоени деца



Весна Петрушевска веќе години наназад ужива во улогата на мајка. Таа е мајка на две посвоени дечиња, а прекрасните Мина и Кирил се центарот на нејзиниот универзум.


Деновиве актерката наиде на едно прекрасно видео, каде едно посвоено момче испраќа моќна порака до својата биолошка мајка и до сите останати. Весна инспирирана од ова емотивно видео даде поддршка од се срце и го изрази својот став на оваа тема.

Ова е начинот на кој се комуницира со посвоените деца, овој мил дечко држи лекција … се сложив со се што зборува и да, благодарна сум на биолошката мајка секој ден , секој миг, оти таа го жртвувала своето тело и живот за да подари живот… причините се секакви но ниту една не е за осуда … не смее да има себичност во овие детски приказни, тие имаат право да знаат кои се и од каде потекнуваат… оти мојата невозможност да родам дете ме направи да бидам посилна во желбата да бидам мајка …


Најголемата задача е да ги воспитам со вистина и доследност … кога го гледав овој преубав , умен млад господин ми се потврди мојата мисија за неизмерната и безусловна љубов кон Кирил и Мина … Ова е нешто што треба сите да го видат и оние кои посиниле и оние кои сакаат тоа да го сторат! Важно е! Една огромна прегратка и љубов за сите … битките кои ги водиме ние тројца по дома се наши, смешни, тажни, но се вистинити!

vesnabejbi


Посвоениот триесетгодишен Брајан ќе ве расплака со ова кусо видео и искрените емоции кон својата биолошка мајка. Некому сте го подариле подарокот живот и нема ништо подобро од тоа, порача тој и и се заблагодари на неа.
Погледнете го!