Весна Бејби со статус за Тоше: колку беше убав, колку беше убав таа вечер… изморен, смирен…



Весна Петрушевска преку статус на фејсбук ја сподели болката која ја чувствува и 13 години од смртта на Тоше Проески.


-13 години Тоше неверојатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил..колку беше убав,колку беше убав таа вечер…изморен, смирен, насмеан…ми кажа уште нешто таа вечер..те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…, напиша Петрушевска на Фејсбук.

Тоше последното телевизиско интервју пред кобната несреќа го имаше токму со Петрушевска во нејзината емисија.