Весна Бејби и Џамбазов се впуштаат во брачните води



Бејби и Џамбаз пред пошироката јавност откриваат дека ќе станат брачна двојка, но само за претставата насловена „Брачна игра“, соопштија од markukule.mk.


Тие на своите профили на социјалните мрежи објавија фотогртафија за која појаснија дека е момент од првата проба за претставата, која ќе биде под режисерската палка на Тони Михајловски.

Имено, се работи за дуо-драма која обработува сериозна тема преку комичен пристап, а е работена по текстот на Едвард Олби.


Кога ќе се спојат Игор, Весна и Тони, можеме само да очекуваме неповторливо театарско доживување, кое засега е во фаза на подготовки.

gambazov2