Важно за сите кои користат Вибер! Во никој случај не правете го ова!



Viber е бесплатен и ќе остане така. Тоа го соопштија од компанијата сопственик на мобилна апликација.


Повод за тоа беше спам пораката која доста корисници на услугата ја добија вчера. “Viber следната сабота наутро станува платен. Ако имате барем 10 контакти испратете им ја оваа порака. Така ние ќе видиме дека сте активен корисник. Вашето лого ќе стане сино и ќе остане бесплатно”, гласеше текстот кој ги штрекна љубителите на апликацијата.

“Информациите во спам пораката се лажни и нејзин извор не е Viber. Viber им овозможува на сите луѓе во светот да комуницираат бесплатно. Пораките што се јавуваат, играње на игри и споделување на содржини преку Viber со пријателите и семејството е неограничено во целиот свет.


Корисниците на Viber можат спокојно да продолжат да уживаат во бесплатната апликација за комуникација и понатаму”, прецизираат од компанијата.