Важно: Каде треба да ги чувате иконите



Задолжително за секој христијански дом е иконата со Христос. Таа мора да е најголемата и да стои над сите други. Следната во хиерархијата е иконата на Богородица, која стои во лево на онаа на Христос.


Многу семејства имаат икони посветени на светецот на домот. Најчесто тоа е светец, прославуван од главата на домот. Според руските традиции, дома задолжително треба да имате икона на Свети Николај Чудотворец.

Може да се стави и икона на Свети Мина – заштитник на семејството. Ако во семејството има млада мајка или бебе, во домот треба да има икона на Богородица со детето. Ако пак има болен човек, тогаш ви треба иконата на Свети Пантелејмон.


Запомнете дека не е важно да ги почитувате толку строго правилата и советите за иконите дома, колку што е важно да верувате и да ја црпите духовната сила од нив.

Страни: 1 2