Успешно и безбедно слабеење со пектин



Вискозитетните својства на пектин се причина за одложување на процесите на варење и празнење на желудникот. Ова доведува до зголемување чувството на ситост и може да ја намали исхраната.


Високо естерифицираниотт пектин, кој се нуди на пазарот, за разлика од нискоестерифицираниот пектин, практично не го намалува вшмукувањето на минералите кои се содржани во храната и не доведува до нарушувања на нивниот баланс во организмот.

Наведените физиолошки својства на пектин се база за неговото исползување во диетотерапијата на дислипидемија (зголемен вкупен холестерол, зголемен “лош холестерол”, зголемени триглицериди во крвта), за неговото вклучување во диетите, применувани при обезност, гастроинтестинални нарушувања и дијабетес.


Може да се користи при профилакса на атеросклероза, кардиоваскуларните и цереброваскуларни болести, формирање на жолчни камења. Употребените количини треба да се консултираат со специјалист нутриционист.

Пектинот се наоѓа во овошјето, а поголеми количини се наоѓаат во јаболката, дуњи, агруми. Со половина килограм овошје сепак, може да се прифати само околу 0,5 грама пектин и затоа за целите на диетотерапијата се применува пектин прав добиен од различни плодови како додаток на храната.


Страни: 1 2