Пакомак и оваа година го организира конкурсот „Trash for Art 2023“ со цел да се подигне свеста на граѓаните за потребата од собирање и селектирање на амбалажниот отпад. Оваа година се организира во соработка со „Нула отпад” ставајќи акцент на штетниот електричен и електронски отпад што честопати завршува во контејнерите за ѓубре од домаќинствата.
Граѓаните се повикани да ја покажат својата креативност и да го претворат отпадот во уметност и на тој начин да ја поддржат иницијативата за почиста и поздрава средина. Конкурсот е отворен за возрасни и деца кои ќе се натпреваруваат во три категории: градинки, училишта и поединци/институции.
Наградата за првото место во сите три категории изнесува 30000 денари, а ќе има и награда за најдобра скулптура изработена од електронски отпад.
Конкурсот трае уште неколку дена, а делата изработени од амбалажен отпад треба да бидат високи најмалку 150 цм и изработени од најмалку 10 парчиња ист или различен тип на амбалажа. Треба да бидат изработени од најмалку три дела електронски отпад како што се: батерии, мобилни телефони, матични плочи, сијалици, хардискови, слушалки, тастатури и други делови.
Краен рок за пријавување на делата е 4 април до 13 часот во Кинотеката на Македонија во Скопје, а наградените дела ќе останат во сопственост на „Пакомак”