Уште 4 дена до концертот на Нокаут



Се ближи денот кога НОКАУТ ќе го направат најголемиот концерт досега, закажан за 24 декември во арена Борис Трајковски. Подготовките течат со полна пареа. Бендот секојдневно го вежба репертоарот, организаторите од Горила Продукција се грижат се да биде под конец, Синиша Ефтимов и е посветен на режијата, а Ирина Тошева на изгледот на момците и на единствената девојка која ќе биде на сцена. На кратко, за неколку денови ве очекува ултимативно искуство и за уши и за очи.


Единствено што ви преостанува Вам, како специјални гости на вечерта, да се обезбедите со многу позитивна енергија, да дојдете во Борис Трајковски во 21.00 часот и заедно со НОКАУТ да создадете музички спомени кои долго ќе се паметат.

Постои ли подобар начин да се заврши годината?